(ВИДЕО) Груевски на новинарски прашања: Јас така одлучив

Од:

По речиси 45 минутно излагање на премиерот Никола Груевски многу прашања кои се поврзани со прислушувањето останаа неодговрени.

Никола Груевски кој интегрално го пренесуваа националните телевезии, но само до почетокот на прашањата на новинарите, немаше одговори на најбитните дилеми.

-Како се дозволило двајца полицајци да ја стават во залог државата, а за тоа УБК да не знае со години?

Груевски потврди дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев бил под посебни истражни мерки во периодот кога остварувале средби во кабинетот на премиерот во Владата, но не одговори како доказниот материјал кој е дел од ПИ-мерки протекол во јавност со оглед на тоа што преставува тешко кривично дело. Вели дека не знае како тоа стигнало до медиумите, а одговор за тоа требало да следува во текот на судската постапка за која уште еднаш потврди дека ќе биде транспарентна. Немаше одговор за каква транспарентна постапка зборува откако по емитуваните снимки на јавноста и е познато како работи судството и обвинителството. Никола Груевски не сакаше да каже за која странска служба станува збор а посочи дека дури по завршување на судскиот процес ќе се одлучува дали дипломатите на таа служба во земјава ќе бидат протерани.

На едно од прашањата Никола Груевски, зошто повторно се појавува во јавноста во својство на полициски портпарол, тој одговори:

-Зошто така јас одлучив…

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он