ММФ бара гаранции од Грција за спроведување на реформите

Од:

Списокот на реформи што грчката Влада вчера им го достави на министрите за финансии на евроозната, не нуди јасни гаранции дека Грција ќе продолжи со реформите, смета Меѓународниот монетраен фонд (ММФ).

Во писмо упатено до претседателот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии Јерун Дијселблум, генералниот директор на ММФ, Кристин Лагард наведува дека напорите што ги вложува Грција не се доволни за продолжување на програмата за финансирање.

Според Лагард, иако листата на ветени рефоми е „доволно целосна за почетна основа за успешно завршување на програмата“, таа сепак „не е доволно специфична“.

– Охрабрени сме од решителноста на новите грчки власти, која е зајакната во некои области како што се борбата против затајувањето дабоци и корупцијата, но сепак сакаме да дознаеме повеќе за нивните планови, наведува Лагард.

Таа додава дека во некои сфери, кои можеби се и најзначајни, писмото не нуди доволно јасни гаранции дека Атина ќе ги спореде реформите предвидени со мемоерандумот за економски и финансиски политики.

Министрите за финансии на еврозоната синоќа ја прифатија предлог-листата на реформи што ја достави Владата во Атина, во замена за продолжување на програмата за финансирање за период од четитри месеци.

По позитивниот одговор од евроозната, Грција оцени дека добила „неколку дополнителни недели“. – Тоа е само чекор, но чекор во вистинска насока, изјави синоќа претставник на грчкото Министерство за финансии.

– Во следните четири месеци мораме да се надминме себе си во борбата против затајувањето данок, корупцијата и реформите на јавниот сектор, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он