Делегација на ПЕС ќе има средба со раководството на СДСМ

Од:

Претседателот на Партијата на европски социјалисти, Сергеј Станишев, ја предводи делегацијата на ПЕС којашто денес е во посета на Македонија, во рамки на мисијата на факти на европските социјалисти за сеопфатен преглед на ситуацијата во земјава.

Во делегацијата на ПЕС учествуваат и Ричард Ховит, член на Европскиот парламент, Џакомо Филибек, заменик генерален секретар на ПЕС, Генералниот секретар на младите европски социјалисти и претставници на други партии-членки на ПЕС.

Посетата на највисоко ниво, од страна на организацијата која ги обединува европските социјалдемократи, социјалисти и лабуристи, е резултат на загриженоста којашто ПЕС ја изрази во врска со состојбите во Република Македонија.

Во Декларацијата на Претседателствотона ПЕС (http://www.pes.eu/government_of_fyr_macedonia_should_respect_fundamental_democratic_values ) европските социјалисти упатија силна порака дека владеењето на правото и независноста на судството мора да бидат целосно почитувани и ја повикаа владата на РМ да ги почитува основните демократски вредности во односите со опозицијата.

Во 17:30 часот, делегацијата на ПЕС ќе има средба со раководството на СДСМ, во седиштето на партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ