Ансамблот на балетот на Македонската опера и балет вечер ќе прикаже еден од бисерите на балетската уметност, претставата „Есмералда“ работена според романот „Богородичната црква во Париз“ на Виктор Иго.
На вечерашната изведба во улогите ќе настапат – Есмералда: Марија Кичевска-Шокаровска, Феб: Бобан Ковачевски, Флер де Лис: Ивана Коцевска, Квазимодо: Киро Павлов, Клод Фроло: Драган Кочоски, Гудула: Билјана Пашариковска, Циганка: Цветанка Максимовска.
На 28 февруари во улогите ќе настапат – Есмералда: Мими Поп Алексова-Атанасовска, Феб: Бобан Ковачевски, Флер де Лис: Наташа Јосифовска, Квазимодо: Киро Павлов, Клод Фроло: Драган Кочоски, Гудула: Билјана Пашариковска, Циганка: Цветанка Максимовска. Диригент е Бисера Чадловска, а кореограф: Михаил Крапивин од Русија.