На големо изненадување на најблиските роднини и пријатели, па и на неговите фанови, во Матичната служба во Скопје, денеска се венча еден од најпознатите македонски ергени Васко Тодоровски, познат како Тошо Малерот, од култната хумористична серија К – 15, пренесе Теа Модерна.
Неговата избраничка е Марија Христова (мајка на деветгодишна ќерка) која живее во Австралија, а во моментов е во Македонија заради венчавката.
Нивните планови се поврзани со Австралија, каде заедно ќе заминат наскоро.