На аеродромот во Приштина денеска пристигна првата група од 73 косовски имигранти, депортирани од Унгарија, јави српската телевизија РТС.
Во изминатите неколку месеци ијладници косовски државјани ја преминаа нелегално српско-унгарската граница со намера да побараат прибежиште во земји од ЕУ.
Тоа е првата организирана депортација на косовски државјани од земја од ЕУ. Меѓу депортираните имало и деца.
Се предвидува втората група имигранти да биде вратена по два дена.
Австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Микел-Лајтнер, која беше во посета на Приштина на 20 февруари, изјави дека Австрија ќе ги враќа косовските имигранти со чартер летови на секои две седмици, а ако се наложи, летовите ќе бидат организирани и почесто.