Поранешниот зет на претседателот на Казахстан се обеси во затвор

Од:

Ракат Алијев, поранешен амбасадор на Казахстан во Австрија, е пронајден мртов во затворот во Виена откако извршил самоубиство, соопшти портпаролката на судот.

Австриското обвинителство го обвини Алијев во декември за убиство на двајца банкари во 2007 година, поради што Казахстан повеќепати бараше негова екстрадиција.

Алијев, поранешен зет на казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев, кој стана негов гласен критичар, ги отфрли обвиненијата тврдејќи дека тие се политички мотивирани. Тој од јуни минатата година се наоѓаше во притвор, откако им се предаде на австриските власти.

Телото на Ракат Алијев е пронајдено утринава, во самица во затворот „Јозефштат“ во Виена, а самоубиството е извршено со бесење.

Казахстан бараше негова екстрадиција од Австрија, но властите во Виена двапати го одбија барањето поради состојбата на човековите права во поранешната република. Наместо тоа, австриските власти покренаа сопствена истрага во 2011 година.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан