Во годишната антологија на хаику поезија, World Haiku, што излегува во Кјото, Јапонија, се објавени неколку хаика на македонскиот писател Александар Прокопиев.
Во антологијата за 2015 година, се застапени автори од 44 држави од целиот свет.
Одбраните хаика на Прокопиев се печатени на македонски, на јапонски и на англиски јазик.
Ова е шести пат Прокопиев да е присутен во годишните избори на World Haiku, што се смета за најрелевантна антологија на Светската хаику асоцијација.