(ВИДЕО) Поцков: Народот гладува, а ВМРО-ДПМНЕ купува кожни фотелји!

Од:

Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз од Гевгелија денеска обвини дека општинските моќници од ВМРО-ДПМНЕ се растураат со парите додека поплавените семејства и земјоделците очекуваат обештетување и субвенции.

– Опиени од власт и моќ не знаат за крај во нивното луксузирање. Ги опремија партиските простирии со кожен мебел. Каква иронија, каков презир. Се китат со кожни фотелји, а за девет години од нивното владеење му ја сотреа кожата на обичниот граѓанин, го донесоа до просјачки стап – рече претседателот на ОО на СДСМ Гевгелија, Сашо Поцков.

Поцков обвини и дека во јавното претпријатие Комуналец е набавено ново патничко возило иако треба да плати судска казна од 11 милиони денари.

– Директорката се почести со ново службено возило од 20.000 евра, да и биде патувањето поудобно. Згора на тоа ќе бидат вработени нови 39 партиски војници во истото претпријатие. Зарем е важно што Комуналец изгуби судски спор од 11 милиони денари, што гевгеличани пијат вода за која има забрана за конзумирање од надлежните републички органи, што сметките на граѓаните секој месец растат, што во населените места нема ни фекална канализација? Очигледно не – додаде Поцков.

За Пецков е нејасно како и покрај тоа што со месеци доцнат исплатите на социјалните надоместоци по сите основи, буџетот е празен, во Гевгелија се отвораат нови простории на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако државната каса е празна, па се кратат социјалните надоместоци од најранливите категории граѓани, ако се измислува и експресно гласа нов закон за дополнителни придонеси од хонорарните работници, само за да се полни она што веќе пред време е потрошено, ако се нема покритие на партиските пропаганди, од каде тогаш пари за нови канцеларии на партијата на власт?
Животот на граѓаните со оваа беспарица им е одамна на вересија, но се прашуваме со чија вересија е платен новиот партиски простор на гевгелискиот ДПМНЕ? – праша претседателот на ОО на СДСМ Гевгелија.

Според него, овие примери будат сомнеж дека има уште неоткриени работи во финансиските дубиози на ДПМНЕ, која додека е на власт црпи од јавните средства на граѓаните, а преку споредни трансакции ја полни партиската каса.

– Социјалдемократскиот сојуз на Македонија започна со разобличувањето на вистинското лице на ДПМНЕ со проектот „Вистината за Македонија“. Започнавме со јавно објавување на материјалите од аферата „прислушкување“ на највисоките кругови на власта, опозицијата, судството, медиумите. Верувам дека тука ќе го најдеме и одговорот на прашањето од каде пари на Општинскиот комитет на ДПМНЕ за нови простории, кога во Гевгелија со години прокиснува кровот на Пионерскиот дом, прокиснуваат просториите во детските градинки, дури се нападнати и од мувла, до пред некој месец прокиснуваше и кровот на Здравниот дом во Гевгелија – вели Поцков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски