Се подготвува закон за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска во Битола ги пушти во употреба новоизградените простории на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, нов корисен простор за читателите од 500 квадратни метри за што Министерството вложи 30,5 милиони денари, и најави дека во завршна фаза е подготовката на законот за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење.

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола годинава одбележува 70 години постоење, располага со фонд од над 600.000 книги и списанија и придонесува за стручната и научно-истражувачката дејност, предочи министерката Канческа Милевска на денешниот промотивен настан во овој град.

– Со оваа инвестиција вредна над 30,5 милиони денари, издвоена од буџетот на Министерството за култура заврши целосна надоградба на библиотеката, завршена е фасадата на стариот дел од библиотеката, и се обезбеди добро функционален простор за читателите со над 100 седишта, простор за преслушување музички изданија, како и простор за трибини, семинари и други манифестации со можност за симултан превод, истакна Канческа Милевска.

За време на денешната посета во Битола министерката оствари средба и со директорите на националните установи од областа на културата, како и со градоначалникот Владимир Талески, и ги најави најважните капитални проекти што ќе се реализираат во оваа година во Битола.

Би можело да ве интересира

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери