Остри тонови од Брисел: Јункер не го прима Груевски поради кризата

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ја откажа средбата со премиерот Груевски што требаше да се одржи в четврток во Брисел.

Портпаролката на Јункер, Мина Андреева, кусо ни потврди: „Бевме во разговори со поранешната југословенска република Македонија. Комесарот Хан беше на терен на 17, во контакт сме со нив, единствено што можам да кажам е дека поради развојот на настаните на терен, се одлучи дека не е соодветно да се има средба сега“.

Извори во Европската комисија за „Мета“ дообјаснуваат дека претседателот Јункер ја донел оваа одлука поради политичката криза во државата и поради недостигот од дијалог.

„Нашиот став е јасен. Ситуацијата во државата е тешка, ние рековме што мислиме, ова што се случува не е добро и треба да почне вистински дијалог за приоритетите на земјата. Контактите помеѓу ЕК и Македонија продолжуваат, но оценивме дека контакт на тоа високо ниво во овој момент е несоодветен“, изјави дипломатски извор за „Мета“.

Средбата не е откажана, туку е одложена, потврдуваат од ЕК. Целта на средбата беше двајцата лидери да се запознаат бидејќи формален контакт досега немало откако Јункер е избран за претседател на европската извршна власт.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он