Осуден египетски блогер кој имаше важна улога во бунтот во 2011 година

Од:

Суд во Каиро денеска го осуди блогерот Ала Абдел Фатах на пет години затвор поради прекршување на египетскиот закон за демонстрации и протести.

Абдел Фатах претходно беше осуден на 15 години, но минатата година беше пуштен од затвор со кауција и беше закажано ново судење.

Во египетската јавност Абдел Фатих стана познат по блоговите на интернет за време на продемократските протести во Каиро и во другите градови во Египет против поранешниот претседател Хосни Мубарак и неговата власт.

Протестите, кои на Западот беа означени како „арапска пролет“ затоа што се случиваа во десетина земји од арапскиот свет – од Тунис, преку Либија и Египет, па до земјите во Персискиот Залив, Јордан и Сирија, доведоа до масовни улични протести со барање за „вистинска демократија“.

Масовните демонстрации во Египет, што почнаа на каирскиот плоштад Тахрир, прераснаа во бунт против власта и безбедносните сили откако барањата за демократија и за промени беа „присвоени“ од исламистите, предводени од организацијата Муслиманско братство.

Тие успеааја да го соборат дотогашниот претседател Муабарак, кого го уапсија, обвинувајќи го дека наредил убивање на демонстрантите.

На првите избори по неговото соборување, победија исламистите од Муслиманското Братство, па за претседател беше избран Мохамед Морси. Во летото 2013 година тој беше сменет од власта по интервенцијата на армијата, откако земјата се соочи со заканата од судир меѓу исламистите и секуларистите.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро