Од тероризмот во Франција, преку невработеноста во Италија, до пандемијата во Велика Британија, најголемите стравови се разликуваат од земја до земја, пишува Гардијан, кој објавува истражување за тоа што е тоа што ги плаши европските нации во 2015 година.
Што ги плаши Британците? Зависи како го поставувате прашањето. Ако се работи за закана по светот или нацијата, одговорот е главно тероризмот и религискиот екстремизам. На локален план, во прашање се кражби и напади со ножеви. А ако навлезете уште подлабоко, личните стравови се височини, змии и обраќање на публика – пишува Гардијан.
Како што наведе весникот, на Островот меѓународниот тероризам се смета за убедливо најголема закана по светот. Во анкетата ЈуГова од септември, 77 отсто анкетирани тоа го навеле како најопасна работа, а следат вооружените конфликти 60 отсто, пандемија 52 отсто, климатските промени 39 отсто и нуклеарени несреќи 31 отсто.
Во прашање се резултати од анкета спроведена по една година од последниот терористички напад на британско тло, но во момент кога Исламската држава ја објави првата снимка од сечење на глава, а жртва беше Британец.
– Високата свест за терористичката закана, како и високата чувствителност во однос на неа, е константа во истражувањата. Во опсежна анализа која се подготвува со објава во Бриранскиот журнал за политички науки, дури 80 отсто анкетирани како глобална закана број еден го гледаат тероризмот, а тоа е случај кај околу 70 отсто анкетирани кога се зборува за националната закана – пишува Гардијан.
Сепак, кога авторите на студијата го спуштија стравот на ниво на локалните заедници или на ниво на поединецот, тероризмот не беше ни меѓу пет одговори. Луѓето го гледаат како проблем во поширок контекст, но не како нешто што може директно да влијае на нивните животи. Основниот страв е од напади со нож, измами преку интернет и обивање на имоти.
– Луѓето имаат перцепција дека безбедносната закана нема врска со националната закана. За тероризмот велат: ако се случи, се случило. И така е секаде – велат авторите на студијата.
Што се однесува до ирационалните фобии, прва е височината 23 отсто, змиите 21 отсто, страв од обраќање на јавноста 20 отсто и страв од пајаци 18 отсто.
– Некои би рекле, германската психа е пропадната. Некако колективно е нарушена – пишува новинар од Гардијан.
Покрај прашањето дали Германците навистина се нација која многу се грижи, се додава одговорот дека тоа е делумно точно. Поранешниот канцелар Хелмут Шмит своевремено рече – Германците имаат тенденција кон стравот. Тоа е врежано во нивната свест уште од крајот на војната и времето на нацистите. Истражувањето на компанијата Унисис и нивниот т.н. индекс на стравот, покажува дека Германците се на средина на глобалната скала со 146 можни од 300 поени. Пред нив се Французите 174, зад Британците 103, а далеку позади се Холанѓаните 66, познати по тоа дека многу повеќе плаќаат за осигурување.
Што се однесува до конкретните истражувања, резултатите се интересни. Компанијата за осигурување Р+В наведува дека основниот германски страв е поврзан за парите.
– Нивната најголема загриженост на 58 отсто испитаници е растот на цените. Потоа 51 отсто најмногу се плашат дека ќе станат неспособни за самостоен живот во староста и дека ќе бидат на товар на другите, а тука е и стравот од природни непогоди – се наведува во извештајот.
Две третини анкетирани сметаат дека Германија мора да потроши многу пари поради кризата во еврозоната, но резултатите од 2014 година покажаа дека тоа е година кога таа нација се чувствувала најсигурно во последните две децении.
– Германците не се исплашена нација, тие на актуелните настани и проблеми реагираат со оправдата загриженост – вели Манфред Шмит од Универзитетот Хајделберг.
Кај Пољаците, моментално најголем е стравот од Русија, пишува Гардијан. Дури 78 отсто граѓани сметаат дека конфликтот во Украина е најголем безбедносен ризик по нивната земја.
– Тој страв не е нов. Низ полската политичка мисла веќе 200 години провејува потреба за заштита од руска закана – се наведува.
Тоа што е од понов датум е фрустрацијата на односите на Западот кон состојбата во Украина и страв од нова продажба.
– Многу полски политичари по образование се историчари. Добро знаат како Западот во 19 и 20 век повторно ја продаваше Полска на Русите. Прво поради добрите односи со династијата Романови, а потоа и со Советската империја – пишува Гардијан.
Како што се наведува, политичарите се прашуваат дали Полска повторно е интегрирана во Западниот свет да не биде повторно предадена на Русија, со недоверба бидејќи Западот се уште го гледа Владимир Путин како рационален играч со кој може да се преговара.
– Ако се верува на анкетите, најголема желба е состојбата во Украина да се реши по дипломатски пат, во тоа да учествуваат ЕУ и САД, а две третини Пољаци не сакаат директно мешање во земјата и полски трупи во конфликтот – наведе Гардијан.
Што се однесува до Италијанците, за нив Ал Каеда, ИД и џихадистите претставуваат закана, но во земјата во која владее невработеност 13,4 отсто, за мнозинството економската несигурност е тоа што ги мачи луѓето, а не тероризмот.
Истражувањето на Италијанскиот Ипсос покажуваат дека 90 отсто анкетирани одговориле за економските прашања, кога се работи за стравувања во животот, а веднаш потоа социјалните прашања и пензиите. – Неизвесната иднина е основен страв. Четвртина од популацијата се плашат дека идните генерации нема да можат да живеат како ние. Тероризмот создава вознемиреност, но помалку од половината испитаници навистина се песимисти по тоа прашање. Дури постои општо верување дека Италија ќе биде поштедена во евентуална света војна. Тоа што е интересно е дека луѓето денес се порасположени од минатата година – вели истражувачот Никола Пијеополи.
Како што се наведува, истражувањата од последните три години покажуваат дека економската неизвесност е најголема сенка над италијанското општество, без оглед на тоа дали навистина постои таква опасност или е само таков впечаток.
– Националното расположение го достигна минимумот во 2012 година поради хроничната рецесија. Таа година истражувањето за перцепцијата на несигурност покажа дека 40 отсто Италијанци доживеале високо ниво на апсолутна несигурност, а дека половина население се плашеле од невработеноста. Од тогаш, трендот е константен, па останатите вообичаени стравови, како што се страв од криминал или од имиграцијата остануваат во сенка – наведува Гардијан.
Сепак, во минатата година е забележан поголем страв од имиграцијата и три отсто повеќе Италијанци сметаат дека тие претставуваат закана по италијанската култура и идентитетот.
Дури 45 отсто Италијанци повеќе би сакале да им се намали влезот во земјата.
Ни нападот на Шарли Ебдо не ги промени тие ставови.
– Криминалот и имиграцијата се наведуваат барем кај еден од 10 анкетирани, а иако тероризмот носи силна емотивна нота, таа тема е далеку од италијанскиот народ – вели Пијеполи.
Поинаков став имаат Шпанците, од нападот во Париз стравот од удар на џихадистите на Пиринеите е многу зголемен, што и не е чудно за земја која не така одамна беше на удар на еден од најголемите терористички напади на европско тло.
Анкетата спроведена шест дена по масакрот во редакцијата на Шарли ебдо, покажа дека дури 58 отсто Шпанци сметаат дека напад сличен на тој од 2004 година во Мадрид, кога беа убиени 192 луѓе, сосема е веројатен. Пред две години, тоа го мислеа дури 20 отсто помалку жители.
– Дури 64 отсто анкетирани веруваат дека џихадистите својата мета слична на таа во Париз ја нашле токму во Шпанија – наведува Гардијан.
Покрај зголемениот страв од тероризмот, расте и поддршката за воени удари на групи на џихадисти во Сирија и Ирак. Таквото расположение се забележува во политичкиот спектар.
– Чувството на несигурност и желбата за воена реакција одат едно со друго. Ова е голема промена, бидејќи во септември 2014 година 75 отсто Шпанци сметаа дека дипломатијата е најдобро решени – се наведува во истражувањето на Метроскоп.
Гардијан – Лондон