Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси нагласи дека постои се поголема потреба за формирање заеднички арапски воени сили со оглед на заканите од исламски милитантни групи.
Во порака упатена преку државната телевизија, Сиси рече дека египетската армија нема намера да изврши каква било инвазија ниту да нападне држава, но ќе го брани Египет и регионот ако затреба „во соработка со нашите арапски браќа“.
Сиси наведе дека Јордан и ОАЕ понудиле воени сили како помош за Египет, откако ектремисти на Исламска држава минатата недела во Либија убија 21 египетски Копт, христијани. Египетски воени авиони нападнаа позиции на ИД во источниот либиски град Дарни во минатиот понеделник неколку часа откако беше објавено видеото за убиство на Коптите.