Египет обвини 215 приврзаници на забранетото Муслиманско братство дека формирале екстремистичка група, пренесе британски „ВВС“. Државниот обвинител Хешам Баракат ја обвини групата „Хелванова бригада“ за убиство на шест полицајци и за поседување на оружје.
Инаку според наводите, повеќето од обвинетите веќе се наоѓаат во притвор. Илјадници припадници на Муслиманско братсто се уапсени по отповикување на поранешниот египетски претседател Мохамед Морси кој беше од редовите на ова движење.
За потсетување тој беше отповикан во 2013 година, а бунтот против него го предводеше тогашниот шеф на генералштабот, а сегашен претседател Абдел Фатх ел Сиси, кој подоцна го забрани дејствувањето на Муслиманско братство.
Кога дојде на власт минатата година, тој ја продолжи кампањата против братството и другите исламистички групи. Инаку овој месец, египетскиот суд потврди смртни казни за 183 приврзаници на Муслиманско братство, поради напад на полициска станица во близина на Каиро во 2013 година.
Е. Г.