Индиските сиромаси на „Марш за правда”

Од:

Десетици илјади Индијци од најсиромашните слоеви, а меѓи нив и членови на различни племиња и далити (каста на недопирливи), почнаа долг марш од 350 километри од градот Гваилор во централниот дел на Индија до главниот град Њу Делхи. Протестираат против скапотијата и нивната маргинализација во третата по големина економија во Азија.

Маршот за правда би требало на целта да пристигне за 26 дена, изјави здружението, иницијатор на Екта Паришад, кое се бори за правата на индијците безземјаши. Од Гваилор тргнаа 35.000 луѓе, а здружението очекува до влегувањето во Њу Делхи да бидат 100.000.

Демонстрантите бараат аграрна реформа незадоволни од политиката на централната власт која проблемот го префрла на локалните власти, или го купува земјиштето за индустриски цели и за изградба на посебни економски зони.

Индиските сиромаси се оставени на работ на развојот на Индија, која стана третиот азиски економска сила, или едноставно се жртвувани во име на либерализмот. Околу 73% од 1,2 милијарди Индијци живеат од земјоделие. Во последниве години, големи индустриски проекти се одложени, па дури и откажани поради спорови со локалните заедници околу купување на обработливото земјиште.

Првиот марш од ваков вид во 2007. привлече 25.000 луѓе, повеќето презадолжени земјоделци кои бараа право на пристап до земјиштето и средства за производство на храна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати