Израел ќе купи 14 борбени авиони од типот Ф-35 стелт од фирмата „Локид Мартин“, по цена од околу 110 милиони долари за авион, соопшти денеска израелското Министерство за одбрана.
Договорот во вредност од 2,82 милијарди долари, кој вклучува и технолошки елементи и обука, потпишан е во текот на викендот, откако во ноември беше одобрен од министерскиот комитет.
Авионите ќе бидат опремени со израелско оружје и авионски системи. Предвидено е првите авиони во Израел да пристигнат кон крајот на следната година.