Консултантската компанија Интербренд во овогодинешниот извештај ја рангира Кока-кола на прво место на листата највредни брендови.
Надмоќта на Кока-кола и не е некоја голема новина, со оглед на тоа што овој бренд на врвот се наоѓа веќе 13 години. Интербренд проценува дека брендот е вреден 77,8 милијарди долари.
На второ место оваа година се искачи Епл, чиј бренд е вреден повеќе од 76 милијарди долари, а на трето место се наоѓа ИМБ со 75 милијарди долари.