Осмо издание на Бела ноќ во сабота

Од:

На 6-ти октомври со мултимедијалниот перформанс на група македонски уметници, насловен како „Местото каде сум“, во 21 часот на Плоштадот Македонија, ќе почне 8-то по ред издание на градската Манифестација „БЕЛА НОЌ“.

Претходно, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во 20 часот, и официјално ќе го прогласи за отворено годинешното издание на „Бела ноќ 2012“. Околу централниот настан, мултимедијалниот перформанс „Местото каде сум“, што ќе се одржи на Плоштадот Македонија, на денешната конференција за медиуми, говореше директорот на МКЦ, Златко Стевковски.

Град Скопје, од Буџетот за одржување на Бела ноќ 2012, одвои 3,5 милиони денари.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски