Вечерва прв ТВ дуел Обама – Ромни

Од:

Американскиот претседател Барак Обама и неговиот противкандидат на претседатеските избори, Мит Ромни вечерва прв пат ги соочуваат аргументите пред телевизиската публика. Дебатата е најмногу посветена на економијата, но и на здравствената заштита и улогата на владата.

Кандидатите во првата од предвидените три дебати влегуваат со спротивни цели-Обама со мирна дебата сака да ја зачува предноста, а Ромни да ја „размрда“ претседателската трка и конечно да успее да ја придобие наклонетоста на избирачите.

Половина од шесте 15 минутни сегменти ќе биде посветена на темите поврзани со економијата. Последните три дела се за здравстената заштита, улогата на владата и начинот на владеење.

Обама и Ромни ќе се обратат на десетина милиони гледачи. Пред четири години 52 милиони луѓе ја прателе првата дебата, а 80 насто од полнолетните жители рекле дека гледале дел од телевизиската расправа на Обама и републиканецот Џон Меккејн.

Иако анкетите покажуваат дека разликата меѓу нив двајца е мала, Обама има јасна предност на само на национално ниво туку и во повеќето клучни американски држави кои одлучуваат за изборите.

Штабот на Ромни настојува да се врати во трката откако кампањата неодамно доживеа дополнителен удар после објавувањето на снимката на која претседателскиот кандидат вели дека не е негова работа да се грижи за 47 проценти од Американците кои не плаќаат даноци.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски