Нападнат полицаец во Тетово

Од:

На 21.02.2015 година во 00.40 часот во Тетово, на крстосница од ул. „Илинденска“ со ул. „В.Вардарска“, двајца полициски службеници од ПС за БПС-Тетово по констатиран сообраќаен прекршок запреле патничко моторно возило „Ауди“ со тетовски регистерски таблици  управувано од лице Ф.С.(22) од  село Палатица.

Осомничениот, соопшти денеска МВР, веднаш  почнал да ги омаловажува полициските службеници со погрдни и вулгарни зборови, по што едниот од нив и физички го нападнал.

Тој е приведен, извршен е разговор и по целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он