Во Индија рапидно се шири свински грип

Од:

Во последните десет недели во Индија од свински грип починале повеќе од 700 лица, а властите се обидуваат да обезбедат лекови за болниците.

Министерството за здравство соопшти дека од средината на декември се пријавени околу 11.000 случаи на заболени од овој вид на грип и тоа повеќето се од државите Раџастан, Гудџарат, Махарашатра и Маѓа Прадеш.

Инаку иако се зборува дека се работи за свински грип, лекарите велат дека ова е една верзија на пандемија на грипот од типот Х1Н1, кој за прв пат се појави во Мексико во 2009 година.

Според нив причина за големиот број смртни случаи е што пациентите на време не бараат лекарска помош, поради што го повикаа населението да направат анализи веднаш штом ќе ги почувствуваат првите симптоми.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати