Светски ден на мајчиниот јазик

Од:

Во светот денеска се одбележува Светскиот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи во 1999 на 30-тата сесија на Генералната конференција, а наредната година беше промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност.

Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување. Според статистиката, во последните три века драматично се намалил бројот на јазици, особено на американскиот и австралискиот континент. Околу 200 земји се пред предизвикот да ги зачуваат „малите” јазици и тие да се употребуваат заедно со светските јазици.

Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 26 септември се одбележува и Денот на европските јазици. Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и повеќејазичноста.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска