Еден Русин се обидел да избега од судската полиција откако избегнал неколку судски рочишта, така што се скрил во фрижидер.
Тој е обвинет за кражба, а кога полицијата тропнала на неговата врата, мајката се обидела да ги убеди дека веќе долго време не живее со неа.
Сепак, скриениот Русин некако го пронашле.
Изненадените полицајци потврдија дека во фрижидерот седел околу еден час, а откако истиот ден бил изведен пред судијата, бил одведен на лекар каде е утврдено дека здравјето не му е загрозено.