На интернет се појави видео запис кој досега воопшто не е објавен, а кој сведочи за катастрофата која ја зафати Јапонија во 2011 година, кога државата беше погодена од подморски земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтер, кој предизвика цунами со невидени размери.
Како последица од земјотресот дојде до експлозија на три реактори во централата „Фукушима“, што предизвика нуклеарна катастрофа.
Речиси 270.000 лица , од кои повеќето од Фукушима, не можат да се вратат во своите домови поради високата радијација.
Ужасните слики и снимки од апокалипсата во која животот го изгубија околу 20.000 лица, сведочат за оваа катастрофа.
Е. Г.