Два патнички воза се судрија изутринава во Швајцарија, при што беа повредени пет лица и прекинат сообраќајот кон Цирих, соопшти кантоналната полиција и националната железничка компанија.
Несреќата се случи во градот Рафц во близина на германската граница на околу 30 километри од Цирих. До несреќата дошло откако еден од возовите излетал од шините.
Претходно швајцарските медиуми објавија дека во несреќата има над 50 повредени. Поради несреќата некои железнички линии се откажани или пренасочени.