Рускиот опозиционер Алексеј Навални доби 15 дена затвор заради агитација за неодобрен протест

Од:

Московски суд му пресуди 15- дневен затвор на познатиот руски опозиционер Алексеј Навални заради агитација (делење летоци во московското метро) за неодобрениот протест, насловен „Пролет“ и закажан за 1 март, пренесоа американските медиуми.

Навални ги негираше обвиненијата дека го прекршил законот и изјави дека целта им била тој да се спречи да го организира протестот.

-Треба да извршиме притисок врз Владата да ја спречи политичката и економска криза, изјави опозиционерот пред зградата на судот.

„Сите ние треба да учествуваме во антикризниот марш“, додаде тој.

По вчерашното изрекување на пресудата Навални ја напушти судската сала со лисици на рацете и беше одвезен со полициско возило.

На крајот на декември минатата година тој доби условна казна од 3,5 години за кривичното дело измама и му беше одреден домашен притвор до завршување на жалбената постапка. Навални  повеќепати го прекрши режимот на домашен притвор.

И покрај слабите изгледи да упати сериозен предизвик кон претседателот Владимир Путин, Навални вети дека на 1 март ќе поведе над 100.000 демонстранти, кои ќе протестираат против политиката на Кремљ, која, според него, Русија ја води кон се подлабока криза. 

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска