Ирачката Влада подготвува пролетна офанзива за враќање на контролата врз Мосул

Од:

Ирачки и курдски вооружени сили, чија бројност изнесува меѓу 20 и 25 илјади војници и полицајци, се подготвуваат да ја повратат контролата врз градот Мосул, што е заземен од џихадистите од Исламска држава.

Офанзивата веројатно ќе се реализира во април или мај, соопшти пред новинарите во Пентагон претставник на американската Централна команда (Сентком), цитиран од ТАСС.

Според податоците на Сентком, командата одговорна за Блискиот исток и централна Азија и која ја спроведува операцијата против Исламска држава во Ирак и Сирија, во регионот на Мосул во моментов има меѓу 1.000 и 2.000 џихадисти од ИД.

Високиот воен офицер изјави дека пет бригади на ирачката армија набрзо ќе бидат обучени во Ирак од коалицијата како подготовка на оваа мисија. Тие ќе го претставуваат јадрото на борбените сили, но освен нив ќе има и три помали единици, кои ќе служат за резерва, како и три бригади од курдските сили пешмерга, забележаа американските медиуми.

Според претставникот на Сентком, во мисијата ќе се вклучат и силите од Мосул, составени од поранешни полицајци од градот и од племенски борци. Тие ќе треба да имаат подготвеност да влезат во Мосул, откако армијата ќе исчисти градот од џихадистите.

Во офанзивата ќе учествува и бригада од ирачките сили за борба со тероризмот, обучени од американски единици за специјални операции.

САД ќе ја помогнат оваа голема операција со обука, воздушна поддршка, разузнавање и набљудување. Засега не е одлучено дали ќе биде неопходно на лице место да се испратат и мал број американски воени консултанти, кои ќе ги координираат воздушните напади врз позициите на џихадистите од авионите на сојузничките земји.

-Засега планираме мисијата да се спроведе во април-мај, но претстојат многу работи да се договорат. По овој период доаѓаат рамазан, летните жештини и ќе биде проблематично доколку офанзивата почне подоцна. Доколку, меѓутоа, Ирачаните не се подготвени, доколку не постојат нужните услови, доколку неопходната опрема не биде физички пристигната на лице место во овие рокови, ќе ја продолжиме подготвителната фаза, објасни воениот командант, кој посака анонимност, бидејќи не бил ополномоштен јавно да зборува за операцијата.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак