Предупредување од можен самоубиствен бомбашки напад во Шведска

Од:

Шведската полиција доби интернационално предупредување од Норвешка во врска со извесна жена која планира самоубиствен терористички напад во Шведска, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Станува збор за таканаречена „портокалова белешка“ која е издадена по меѓународен канал преку Интерпол.

Жената за која станува збор неодамна отпатувала од Норвешка за Сирија каде што учествува во обука за користење оружје во борбени дејствија.

Како што пишува шведскиот весник „ГТ“ на својот сајт, норвешката безбедносна полиција ПСТ се сомнева дека млада жена од Норвешка планира да изврши напад така што ќе активира експлозивна направа поставена на сопственото тело.

Засега нема податоци околу локацијата во Шведска каде што самоубиствениот терористички напад би можел да се случи.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица