Јапонската полиција вчера уапсила бизнисмен поради сомнеж дека ангажирал 15-годишно момче да чисти радиоактивен отпад во близина на оштетената нуклеарка Фукушима.
Според наводите, момчето кое потекнува од Китанагоја Сити на запад на Јапонија, во јуни минатата година било испратено во Фукушима да чисти контаминирани лисја и да ја отстранува нечистотијата во зоната на нуклеарната катастрофа.
Тоа за јапонските медиуми изјавило дека поранешниот работодавач го ангажирал за работата преку државната агенција за вработување и дека му рекол да излаже за возраста, а на крај му ја намалил и платата на 30 долари дневно и физички го казнувал кога работата не ја завршувал како треба.
Јапонскиот закон забранува работно ангажирање на деца под 18 години во области во кои има радиоактивност.
Е. Г.