Сообраќајот по суви коловози

Од:

Сообраќајот на патиштата во државава  се одвива без забрани по претежно суви коловози.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица е нормализиран. Поради потенцијални одрони на возачите им се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна сигнализација.

На патниот правец Лакавица – Неготино на 7 километри над село Лескоица е извршена санација поради пропаѓање на патот од 200 метри. Санирано е и оштетувањето на патот Виница – Пехчево и сообраќајот е нормализиран.

Поради можен одрон на патниот правец Катланово – Велес, после наплатната станица Сопот, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 200 метри.  На патот Страцин – Крива Паланка, на излез од Страцин во правец на Крива Паланка, поради свлечиште зафатена е третата лента од коловозот во должина од 150 метри. Во општина Пробиштип, локалниот правец Злетово – брана Кнежево кој беше во прекин заради свлечиште, е оспособен за сообраќај по една лента во должина од околу 150 метри.

Сообраќајот на патните правци Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на реката Брегалница. Алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози