Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер денеска изјави дека во средината на март во Виена ќе се организира конференција на министрите за внатрешни и надворешни работи од земјите од Западен Балкан и Италија за размена на информации во борбата со тероризмот.
Иницијативата за конференцијата е поддржана и од шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц. Целта на конференцијата е обединување на нопорите на земјите од регионот за затворање на транзитната маршрута за странските доброволви џихадисти, како и за преземање на мерки против нивното врбување на нови членови.
Микл-Лајтнер денеска ја почна тридневната посета на Хрватска, на Србија, на Црна Гора и на Косово, при што ќе разговара за мерките за спречување на илегалната имиграција.