Магистралниот пат од Истибања до Македонска Каменица пуштен за сообраќај

Од:

Пуштен е за сообраќај магистралниот пат од виничкото село Истибања до Македонска Каменица. Техничкиот директор на ЈП „Македонија пат“ – Штип, Кире Коцев вели дека сообраќајниот инспектор направил увид по што ја повлекол и забраната за сообраќај по должината на целиот пат. Тој додава дека одроните на овој пат се чистат од страна на екипите.

– Ние имаме дежурни екипи, кои веднаш реагираат доколку имаме проблеми на делниците низ регионот, а ако се појави повторно проблем на овој пат ние веднаш ќе реагираме, вели Коцев.

Тој апелира возачите да внимаваат на овој магистрален пат, бидејќи можно е повторно да се појават одрони, зашто по обилните врнежи од дожд се уште не се стабилизирани косините на карпите. Магистралниот пат од виничкото село Истибања до Македонска Каменица за сообраќај беше затворен 12 дена, а сообраќајот се одвиваше преку Берово или Бигла.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on