Полицијата во БиХ уапси шест лица кои од земјата тргнале во правец на Сирија, за да се придружат на џихадистите на Исламска држава и за да учествуваат во воениот судир во земјата.
Овие лица се уапсени на подрачјето на Унско-санскиот кантон, Маглај и Кантонот Сараево и се припадници на радикални исламистички движења.
Осомничени се за кривични дела на финансирање терористички активности, организирање терористички групи, формирање и придружување на странски паравоени формации.
Некои од нив се лишени од слобода на граничниот премин на аеродромот во кантонот Сараево, а меѓу нив се и лица за кои постојат докази дека се организатори на илегално заминување на државјани на БиХ во Сирија.