Полска ќе постапува согласно одлуката на Европскиот суд за човекови права

Од:

Полска ќе постапи согласно одлуката на Европскиот суд за човекови права, со која е потврдено дека во земјата имало тајни затвори на ЦИА, и ќе мора судски да ги гони одговорните лица, изјави денеска полскиот министер за надворешни работи Гжегож Шетина.

– Мораме да постапиме според пресудата. Тоа е тема во следните недели, истакна Шетина.

Пресудата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со која полските власти се сметаат одговорни за кршење на конвенциите за човекови права во случајот со тајните затвори на ЦИА на полска територија, вчера стапи во сила.

Судот ја отфрли жалбата на полската Влада, поднесена во јули минатата година.

Врз основа на пресудата, Варшава ќе мора да им плати отштета по 100.000 евра на двајцата затвореници од затворите на ЦИА, Саудиецот Абдел Рахим ал-Нашири и Палестинецот Абу Зубејди, но и до крај да истражи кој од полските официјални лица е одговорен за постоењето на затворите, во кои биле малтретирани осомниченни лица за тероризам.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази