Државниот завод за статистика на Украина денеска објави дека најголемиот инвеститор во земјата е Кипар, со инвестиции од 13,7 милијарди долари, јави ТАСС.
На второ место е Германија со 5,7 милијарди долари директни инвестиции, следена од Холандија со 5,1 милијарда и Русија со 2,7 милијарди долари.
Украина има инвестиции во 46 земји во светот, но најголем дел, околу 91,6 отсто од нејзините директни инвестиции се во Кипар.