Режисерот Манчевски ќе гостува на универзитетот „Оксфорд Брукс“

Од:

Режисерот Милчо Манчевски е ангажиран да гостува на „Оксфорд Брукс“ на покана на овој познат универзитет  во Велика Британија.

Како што соопшти „Банана филм“, поканата подразбира проекција на „Пред дождот“ и на други делови од творештвото на Манчевски.  Предавањето и разговорот со публиката на 22 февруари ќе бидат со фокус на целокупниот опус на Манчевски, со издвојување на улогата на поетскиот јазик во неговиот кинематографски израз.

– Во Оксфорд се изучува „Пред дождот“, добитник на наградата „Златен лав“ во Венеција, на номинација за Оскар и на уште 30 други врвни меѓународни награди.  Овој филм, но и целокупниот опус на Манчевски се изучуваат на уште неколку стотини други универзитети ширум светот, од Калифорнија до Кина, од Бразил до Русија, од Австралија до Германија.  Овој филм е дел и од наставната програма во средните училишта во Италија, информира  „Банана филм“.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он