Бенџамин Милер од САД се здобил со повреди на улично корида во Шпанија, откако го нападнал бик и го фрлил неколку метри.
По инцидентот момчето било префрлено во болница во Саламанка на итна операција, која траела три часа и моментално се опоравува на одделот за интензивна нега.
Лекарите кои го оперирале изјавиле дека ова биле најголемите повреди со кои се сретнале во својата кариера, бидејќи момчето имало рана долга 40 сантиметри.
Инаку Милер заедно со група Американци дошол на фестивалот на бикови во Шпанија. Покрај него повредени се уште две момчиња, едното од Шкотска, а другото од Сламанка.
Уличните фестивали со бикови се доста застапени во Шпанија, а луѓето се согласуваат во тоа дека овие настани се доста опасни за присутните. Меѓутоа на ваквите фестивали присуствуваат од 40-50 илјади лица.
Е. Г.