Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со претставникот на проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и Светската асоцијација за активен туризам АТТА ќе ја најават првата европска регионална конференција за активен туризам – „AdventureNeht-Balkans“ чиј домаќин треба да биде Македонија.
Станува збор за тридневен самит кој ќе се одржи во мај 2016 година и треба да привлече околу 300 европски и светски тур-оператори и медиуми.
На промоцијата ќе се обратат директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски и извршниот директор на АТТА Крис Дејл.