Најмалку 22 луѓе загинаа, а 16 се повредени, кога автобус падна во клисура, објавија новинските агенции.
Меѓу загинатите има и двајца странци, Шпанец кој работел во Перу и турист од Венецуела, наведува агенцијата Андина.
Несреќата се случила во близина на градот Хуармака, 850 километри северно од Лима. Причина за несреќата најверојатно е маглата на патот.
Патиштата во Перу се меѓу најопасните во Јужна Америка. Во сообраќајки во 2010-та загинале 2.900 луѓе, а во 2011-та, 2.583, покажуваат податоците.
Несреќите најчесто се случуваат на планинските патишта, наведува АФП.