Хакерска група украла една милијарда долари од банки во целиот свет

Од:

Меѓународна хакерска група украла околу една милијарда долари од банки низ целиот свет, соопшти руската компанија за безбедносен софтвер „Касперски Лаб“.

Хакерите од крајот на 2013 година упаднале во над стотина банки во 30 држави низ светот. Груптата откако ќе добиела пристап до компјутерите на банките преку електронски пораки и други методи, со месеци ги проучувале банкарските системи. Потоа хакерите ги програмирале банкоматите, така што повлекувале пари од нив во одредени часови од денот или создавале лажни банкарски сметки на кои префрлале пари.

Поголем дел од банките се во Русија и Источна Европа, но според „Касперски Лаб“ цел на хакерски напади биле и банки во САД, Азија и Западна Европа.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија