Отказ за двајца, а парични казни за 17 полицајци

Од:

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се решенија против 24 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето. Двајца вработени добиле отказ, на 17 вработени им е изречена парична казна, на тројца вработени им е изречена мерка запирање на постапката, еден вработен бил писмено предупреден, а еден е распореден во пониско звање.

На Џ.С. командир полициското одделение Групчин, му е изречена мерка парична казна бидејчи постапувал спротивно на правилата и прописите на Министерството, а на Г.С. самостоен инспектор Единица за јавен ред и мир му е изречена мерка „писмено предупредување“. Тој со службено возило отишол дома, наместо да го врати во полициска станица.

Б.Н., виш инспектор за недозволена трговија со дрога и оружје во Радовиш му е изречена парична казна за недолично однесување за време на обезбедување на фудбалски натпревар.

Н.Ш. виш инспектор за општ криминалитет во Струга добил парична казна бидејќи не превзел мерки за пронаоѓање на одземеното возило, пронаоѓање и фаќање на сторителот и навремено не го известил основното јавно обвинителство.

И.И., помлад инспектор за општ криминалитет во СВР Куманово добил отказ бидејќи не постапувал по барања на основното јавно обвинителство и вештачењата за предметите не ги доставувал во законски предвидениот рок.

На Г.А., самостоен инспектор во Прифатен центар за странци во Регионалниот центар за граничен реон Север му е изречена мерка „парична казна“ бидејќи одбил да изврши задача дадена од непосреден старешина. Д.Р., полицаец од полициската станица Бит Пазар добил парична казна бидејќи му го украле формациското оружје.

На З.А. и С.З. полицајци од полициската станица од Свети Николе им е изречена парични казни бидејќи го напуштиле позорниот реон.

На Б.С., виш инспектор и Г.П. инспектор, двајцата од Канцеларија за криминалистички работи им е изречена парична казна затоа што не се ангажирал во работењето и доцнел на работното место).

Т.Т. полицаец за обезбедување на објекти добил парична казна бидејќи омаловажувал полициски службеници при превземање на службени дејствија и бил под дејство на алкохол за време на работа.
Постапката е запрена бидејќи нема повреда на работното место за Д.П. началник Одделение за извештаи за сообараќајни незгоди изречена му е мерка „запирање на постапката“.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он