Осуденик за „Детонатор“ фатен при бегство за Бугарија

Од:

Кочанчанецот Ѓ.И.(41), осуден по акцијата „Детонатор“, е фатен при бегство за Бугарија, откако претходно побегнал од затворот во Струмица, во акција на македонскиот регионалниот центар за граничниот реон „Исток“ и Бугарската гранична полиција.

По бегството од затворот Ѓ.И. се криел во викендица во месноста Абланица, беровско, од каде со такси заминал до Ново Село, струмичко. Таму бил пречекан од бугарски државјанин, кој пеш го спровел до државната граница со Бугарија.

Од МВР информираат дека по претходно добиени оперативни сознанија за локацијата на бегалецот се преземени мерки за оперативно покривање на државната граница, во пределот на Малешевските планини и планината Огражден.

Од регионалниот цетар за граничнот реон „Исток“ на повеќе места поставиле сигнални „фото камери“ за надзор на државната грaница. Откако е добиена слика на две лица кои се движат кон државната граница интервенирале групите од „Исток“ и Граничната полиција на Бугарија. Притоа на територијата на Бугарија е фатен Ѓ.И., а другото лице е во бегство.

Би можело да ве интересира

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски