ВИДЕО: Југославија во очите на Американците во 1986 година

Од:

Магазинот „Тајм“ во 1965 година Југославија ја опиша како држава на Маркс, но половина и на Карло, а другата половина на Гручо, бидејќи во неа се конзумирала„кока-кока“, се гледале холивудски филмови, се слушало џез и рокенрол, а на малите екрани се прикажувале сериите „Долго топло лето“ и „Градчето Пејтон“.

Американската ГБС телевизиска мрежа, односно ТВ станицата од нејзината филијала во Лос Анѓелес, Калифорнија во 1986 година сними интересен туристички документарен филм. Во него е прикажана прекрасна држава, туристички атракции, лежерен и богат животен стил на оние кои живееле во Југославија. Водич на оваа програма беше американската актерка Мелоди Роџерс, а Југославија е само една од многуте држави кои што биле претставени на оваа американска телевизија во 1980-те.

Мелоди помеѓу останатото рече дека државата има крабрежје како Франција, коцкарници како во Монте Карло, острови како во Грција, краишта како во Велика Британија и Алпи како во Швајцарија. При тоа во оваа држава можело да се вечера со одлично вино, за пет долари по личност.

Интересно е што таа на крај на емисијата ги сумира своите чувства за тоа што видела во Југославија при патувањата, наведувајќи дека тоа е една од најубавите држави кои што со нејзината екипа некогаш ги посетиле, односно нејзините зборови биле „Ова е спектакуларно“.

Водителката се осврнала и на југословенскиот социјализам и додека се качувала на скали на еден замок во Опатија таа рекла: „Долж целото крајбрежје на Југославија постојат вакви прекрасни замоци, кои некогаш ги користеле кралеви и кралици, кои сега се убави хотели“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Чиста сметка, куса љубов

Емир Латифовиќ

Ова е последната исповед на Тито

Емир Латифовиќ

ФОТО: Еве како Тито ги славел Новите години

Емир Латифовиќ

Откриена најголемата тајна на Тито – Гробот на неговата најголема љубов

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО+ФОТО) Кралскиот двор ги крие тајните на Тито, Милошевиќ и српскиот крал

Емир Латифовиќ

РЕКОМ: Придонес кон трајниот мир на Балканот

Емир Латифовиќ