Затворањето на пистата на аеродром во Мадрид не го предизвика терористички акт, туку животно! Виновник е дива свиња која ја пробила оградата и влегла во просторот каде се наоѓаат леталата.
Свињата ги активирала безбедносните аларми на аеродромот Барахас, а кога камерите се насочиле на загрозеното место, чуварите виделе како животното се движи лево-десно и се провлекува низ дупката која само ја направило, пренесе Бета.
Инцидентот се случил на 100 метри од пистата. Поради овој инцидент одложено е слетувањето на авионот од Лондон за 20 минути, како и летот од Коруниј во Шпанија за 10 минути, се наведува во соопштението на аеродромските власти.