Кривични пријави за тројца грчки државјани за криумчарење мигранти

Од:

Оделението за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија при регионалниот центар за граничниот реон „Југ“, поради постоење основано сомнение до обвинителството поднесе кривични пријави против грчките државјани А.П.(40), К.Т.(34) и П.Р.(50), како и против непознато лице, за кривични дела „криумчарење мигранти“, „загрозување на сигурноста“ и „предизвикување општа опасност“.

Пријавените, на кои им е одреден 30 дневен притвор, се фатени како од Гевгелија за Скопје превезуваат 12 илегални мигранти од Ирак и од Сирија. При бегство од полициските патроли, едно од возило се обидело да прегази полицајци.

Според соопштението од МВР, пријавените по претходен договор прифатиле и превезувале лица со илегален влез и престој во Македонија, а првопријавениот и второпријавениот биле во улога на преходница. Превезувале илегални мигранти во близина на Гевгелија, со намера да ги превезат до Скопје. Полицијата забележала три возила со грчки регистарески ознаки на магистралниот пат Удово-Неготино во правец на Неготино. Штом го забележале полициското возило веднаш ја зголемиле брзината на движење во правец на Неготино при што напред одело возило „Мазда 6“ кое веројатно било во улога на „чистач“ а по неа се движеле возила „Опел Вектра“ и „Ауди 4“. Полицијата вклучила ротациски знак за застанување, но возилата се движеле со уште поголема брзина. Притоа налетале на полициска патрола кај клучката Неготино, од која им бил даден знак за застанување. Во тој момент возилото „Мазда“ кое било напред нагло го свртело правецот кон полицајците кои за да не бидат прегазени скокнале преку лимената ограда од автопатот. Возилото присилно застанало бидејќи патот му бил попречен од возилото на регионалниот центар за граничниот реон „Југ“. При контролата е утвдено е дека „маздата“ ја управува А.П., а како совозач бил второпријавениот К.Т.

Другите две возила и покрај обидот да им биде попречено натамошното движење, продолжиле со бегство при што „аудито“ ненадејно и брзо свртело десно и преку бензинска пумпа се приклучило на стариот пат Неготино-Демир Капија. Во близина на Железничката станица било престигнато од полициски возила, при што е усапсен третопријавениот П.Р. и се пронајдени шест мигранти, пет од Ирак и еден од Сирија.

Потерата продолжила и по возилото „Опел Вектра“, а кога било сопрено кај село Виничани од него се истуркани шестмина илегални мигранти од Ирак на возраст од три до 46 години и возилото продолжило во непознат правец.

Би можело да ве интересира

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Откриена е криминална група за посредување во проституција и илегална трговија со дрога

Горан Наумовски

Четворица приведени за пукањето во Чаир, двајца биле затвореници од „Идризово“

Санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус

Предраг Петровиќ

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

Отворен пункт за лични документи во Сарај