Музичка и танцова претстава на културниот ансамбл од Нанчанг

Од:

Вчера во Македонскиот народен театар, во рамките на одбележувањето на 30-годишнината од збратимувањето на Градот Скопје и Нанчанг (Народна Република Кина), се одржа музичка и танцова претстава „Среќна Кинеска Нова Година, неверојатен Нанчанг”, во изведба на културниот ансамбл од Нанчанг.

На претставата присуствуваа претседателот на Република Македонија, Горѓе Иванов градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, заменик-претседателот на Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски, претставници на Владата на Република Македонија, претставници на дипломатскиот кор, претставници на регионалните и локаните власти од Кина, како и претставници од јавните претпријатија и културните институции.

– Реализацијата на настаните по повод кинеската нова година, претставува одлична можност за претставување и промоција на древната кинеска култура на граѓаните на Скопје коишто за прв пат ќе имаат можност да ја запознаат на овој начин, преку организирањето на пролетниот фестивал којшто традиционално се одржува во сите градови во НР Кина. Исто така, убеден сум дека нашите пријатели од Нанчанг овие неколку дена ќе уживаат во убавините на Скопје и дека оттука ќе си заминат со позитивни впечатоци и желба повторно да дојдат. Овие денови ќе имаме можност да се дружиме, да размениме мислења за тоа што можеме да сториме во правец на јакнењето на врските и проширување на областите на соработка на нашите два града, рече градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот Трајановски се осврна и на досегашната соработка на двата града во изминативе 30 години, притоа изразувајќи благодарност за помошта од Нанчанг и донацијата во 2006 година за изградба на едукативно катче во скопската Зоолошка градина, како и финансиската помош за набавка на опрема за Противпожарната бригада на Град Скопје.

– Времето минува и нашето збратимување и пријателство доживеа 30 години, го издржа тестот на времето и исплива уште посилно. Во изминатите три децении, ја негуваме плодната соработка и размена во областа на економијата, културата, образованието и уметноста, особено за време на најтешкиот период на билатералните односи, Скопје и Нанчанг одржаа стабилно пријателство. Ова придонесе многу за развојот на пријателските односи меѓу двете земји. Ние го цениме сето она што сте го направиле за нашето пријателство, и никогаш нема да го заборавиме длабокото пријателство на Скопјаните кон Кина и Нанчанг, кажа Жоу Шулинг (Zou Shuling), заменик-претседавач на Постојаниот комитет на Народниот конгрес на Нанчанг.

Амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, господин Зеншун Вен, се заблагодари за одличниот пречек и ја потенцираше одличната соработка на Република Македонија и Народна Република Кина низ годините.

– Навистина ми е драго што претстојниот Кинески Пролетен фестивал ќе го дочекам заедно со толку многу пријатели во Скопје. Тука посебно би сакал да ја изразам мојата благодарност до Неговата Екселенција, Претседателот Иванов, како Претседател на Република Македонија што го минува овој прекрасен момент со нас, што силно ги изразува пријателските чувства спрема кинескиот народ од македонскиот. Во меѓувреме, исто така, сакаме да ја прославиме 30-годишнината од збратимувањето помеѓу Нанчанг и Скопје. Уште повеќе што тоа се случи 9 години порано од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Кина и Македонија. Соработката и размената на разни полиња меѓу двата града имаа посебен ефект врз здравиот развој на билатералните односи. Би сакал да ја искористам оваа пригода да му се заблагодарам на градоначалникот Трајановски за поканата упатена до Нанчанг и напорните подготовки од градот. Исто така, јас навистина ценам што Општинската Влада на Нанчанг испрати толку голема уметничка делегација за да ни обезбеди перформанс на Пролетниот фестивал со типичен Џианши стил, заедно со најдобри пролетни желби, кажа амбасадор на Народна Република Кина, господин Зеншун Вен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето