Осуммина полицајци и еден цивил се ранети денеска во предградие на Каиро во атентат со рачно изработена бомба што била фрлена врз полициска патрола, соопшти агенцијата МЕНА.
Одговорноста за атентатот, извршен во североисточното предградие Аин Шамс, на Твитер ја презеде групата „Аџнад Миср“ (Војниците на Египет).