Раководството на СДСМ во разговор со делегација на Германскиот Бундестаг

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски и претседателката на Комисијата за европски прашања, Лидија Димова попладнето остварија средба со претставници на парламентарната група за соработка со Југоисточна Европа на Германскиот Бундестаг.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги запозна претставниците на Бунгестагот со погазените демократски вредности во Република Македонија, што резултира со узурпирани права и слободи на граѓаните во Македонија, тотална контрола на власта врз судството и медиумите, инструментализација на државниот систем во партиски слуга за индивидуални цели на Никола Груевски и неколкумина негови соработници.

-Врв на се е скандалозното прислушување на 20.000 луѓе од страна на Груевски и Мијалков за противзаконски и криминални цели. За се поседуваме докази. Во период од 4 години биле прислушувани комуникации на судии и обвинители, на новинари, на лидери на НВО секторот, на првите луѓе на верските заедници, континуирано биле прислушувани сите опозициски партии. Внимателно за државата и со заштита на личниот интегритет на луѓето, ќе ја објавиме Вистината за Македонија, затоа што немаме ниту морално ниту законско право да ги таиме доказите доставени од луѓе од безбедносните служби во земјава, кои покажаа храброст и доблест да се разобличи ова зло во Македонија, рече претседателот Заев.

Претставниците на Германскиот Бундестаг изразија загриженост за нарушените демократски процеси во Република Македонија. Тие порачаа дека одблиску ги следат случувањата во Македонија и најавија извештај за ситуацијата во државата во нивната земја.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он