Заев разговараше со Стафансон за прислушувањето

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик претседателката Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Р. Македонија, Матс Стафансон.

На средбата се разговараше за актуелната состојба во земјава. Посебен акцент беше ставен на нарушената демократија и загрозената слобода на граѓаните, како последица на противуставното прислушување на над 20 илјади граѓани, од страна на службите под контрола на Никола Груевски и неколку поединци околу него.

Претседателот Заев посочи дека објавувањето на доказите има за цел да го разобличи начинот на кој оваа власт ги контролира институциите, медиумите, изборниот процес и слободната волја на граѓаните.

Граѓаните ќе ја дознаат вистината за тоа како изминативе девет години државата беше урнисана со груби прекршувања на Уставот на Р. Македонија, директно, од страна на неколкумина во врвот на актуелната власт, посочи Заев.

Обврска на СДСМ е да ја врати изгубената доверба на граѓаните во институциите на системот и да обезбеди услови за враќање на слободата и демократијата во Република Македонија, заклучи претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Скопје, 13.02.2015 год.

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра